Руска армија: Забележавме НЛО над Ленинградската област, ја следиме ситуацијата

Од:

Неидентификуван летечки објект е забележан денеска над Ленинградската област и е под воен надзор, јави денеска ТАСС.

Според извештаите, сè уште нема причина армијата да се стави во готовност и покрај претходните медиумски извештаи и најави на одредени канали на Телеграм.

„Неидентификуваниот објект се движи со брзина на ветрот, што значи дека нема мотори, па затоа не е дрон или авион. Значи, немаше причина да се даде сигнал на подготвеност. Ја следиме ситуацијата, а нашиот систем за противвоздушна одбрана е целосно подготвен да дејствува доколку е потребно“, изјави неименуван претставник на регионалните вооружени сили.

Заменик-гувернерот на Ленинградската област задолжен за безбедност, Михаил Илин, рече дека извештаите за неидентификуван објект над градот Соснови Бор се лажни.

ТАСС наведува дека „Соснови Бор“ е локацијата на Ленинградската нуклеарна централа.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот