Руската амбасада во Шведска објави мапа на земји во Европа каде Крим е означен како територија на Украина.
Русите сакале на картата да ги прикажат цените на бензинот во Европа, но Крим, кој го окупираа пред речиси десет години, го оставиле како дел од Украина.
По објавувањето на картата, првиот заменик министер за надворешни работи на Украина, Емине Џепар, изјави дека „Русија знае дека ќе биде исфрлена од полуостровот“.
„Сè што е нелегално е кревко. Крим беше и ќе биде украински“, напиша таа.