Русите продолжуваат со нападите врз украинските мостови

Од:

Во руски напад врз мост над реката Днепар во Запорожје повредени се пет лица, а сообраќајот на мостот привремено е ограничен.

Информацијата на „Телеграм“ ја објави Михајло Семикин, вршител на должноста началник на Воената управа на Запорошката област.

Повредени се две жени на возраст од 24 и 59 години и тројца мажи на 36, 43 и 54 години. Двајца од повредените мажи, на возраст од 43 и 54 години, се вработени во Црвениот крст, а биле нападнати додека патувале на работа.

Според првичните информации, тие се здобиле со полесни повреди и биле хоспитализирани. На сите повредени им се укажува медицинска помош.

Семикин потврди дека сообраќајот на мостот е ограничен.

„Непријателот нападна еден од мостовите над реката Днепар во Запорожје. Поради нападот, сообраќајот на мостот е привремено ограничен“, објави тој.

Жителите на Запорожје се повикани да го приспособат движењето на сообраќајните ограничувања и да ги следат официјалните известувања.

Би можело да ве интересира

Русија подготвена да им испорача на САД неограничени количества дизел, три танкери веќе пловат кон Северна Америка

Европската унија уште е многу зависна од руските енергенси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците го нападнаа Белгород, има жртви и големи штети

ВИДЕО: Трамп откри план за Русија и Украина по завршувањето на војната

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски