Русите признаа дека не го зазеле целосно Соледар: „Таму се уште има украински сили“

Од:

„Во градот Соледар се уште останаа украински војници“, соопштија руските власти во регионот на Доњецк, а пренесува „Скај њуз“. Шефот на платеничката група Вагнер Евгениј Пригожин вчера изјави дека Соледар е целосно ослободен и дека се убиени 500 украински војници.

Руските власти додаваат дека западниот дел на градот е под нивна контрола. Украина негираше дека Русите го зазеле Соледар и рече дека се уште се водат жестоки борби за тој град. Киев денеска објави дека Русија ги собира силите во близина на Соледар, но дека украинската армија дава отпор и ги задржува своите позиции.

Заменик-министерката за одбрана Хана Маљар рече дека бројот на руски единици е зголемен од 250 на 280 додека Москва се обидува да преземе „стратешка иницијатива“. „Во правец на Соледар се водат жестоки борби. Русите газат по сопствените мртви.“, рече Маљар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива