(ВИДЕО) Русите прават нова ракета „Синот на Сатаната“

Од:

Русија работи на прототип на нова балистичка ракета, наследник на „РС-20 војвода“ која, поради огромната разурнувачка моќ, во западниот свет ја нарекоа „Сатана“.

Со „финансиска инфузија“ од државата, руските ракетни конструктори интензивно работат така што веќе во наредната година треба да го завршат протпотипот на новата ракета. За десетина години, најмоќната советска ракета „војвода“, која поради огромната разурнувачка моќ на западот беше наречена „Сатана“, ќе добие наследник.

Стратегиската ракета „РС-20 војвода“ ќе остане активна до 2022 година, иако Русите не кријат дека и поминал гарантниот рок, поради што научниците морале да го продолжат за уште 30 години.

Би можело да ве интересира

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски