Под притисок од брзите успеси на украинската армија, руските сили во Херсон, регион во јужна Украина, се подготвуваат да евакуираат десетици илјади цивили, објавија локалните проруски претставници.
Руските јужни региони Краснодар и Ставропол се подготвени да примат украински деца и возрасни, објави на Телеграм Владимир Солдо, шеф на тој регион назначен од Русија.
Кирил Стремусов, друг функционер во Херсон, исто така назначен од Русија, во изјава за руската државна телевизија призна дека администрацијата на регионот се подготвува за „тешки времиња“.
Русија ја започна својата инвазија на Украина на 24 февруари, а по седум месеци војна, украинската армија во контраофанзива ослободи големи делови од источните региони Харков и Доњецк од руските окупатори.