Русите објавија фотографии: зазедовме клучен град во областа Курс

Од:

Руските сили повторно ја презедоа контролата врз Суџа, град во областа Курск, од украинските војници, соопшти утрово Министерството за одбрана.

Руските сили, исто така, ја вратија контролата врз две села, Меловој и Подол, додаде Министерството. Објавени се и фотографии на кои наводно се гледаат руски војници северно од Суџа.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди овие извештаи. Повторното заземање на Суџа, дом на сега неактивна мерна станица за руски гас за Европа, е значајна добивка за Русија.

Суџа беше најголемата населба што украинските вооружени сили успеаја да ја освојат како резултат на офанзивата врз регионот Курск во август минатата година.

Претседателот Владимир Путин, облечен во воена униформа, во средата ги посети руските војници во Курск и им нареди да напредуваат со молскавична брзина и брзо да ја преземат остатокот од територијата под украинска контрола.

Би можело да ве интересира

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

ВИДЕО: Украина развива балиситчко оружје кое тврди ќе достигне до Москва

Катерина Ѓуровски