Русите ја прегазија првата линија на украинската одбрана на север, Киев започна истрага

Од:

Украинското Државно биро за истраги (ДБР) започна со проучување на околностите за пробивот на руските сили во регионот Харков, како дел од кривичната постапка.

„На 10 мај 2024 година, агресорите успеаја да ја пробијат првата линија на одбрана и да окупираат неколку населени места долж украинско-руската граница, предизвикувајќи загуби меѓу украинските вооружени сили и цивилите“, соопшти ДБР.

Тие истакнаа дека поради високиот профил на постапката, во истрагата биле вклучени најдобрите истражители и раководството на Главниот истражен оддел на ДБР, во тесна соработка со оперативните единици на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

ДБР нагласи дека имаат целосна комуникација и поддршка од Главниот штаб на вооружените сили на Украина. Оттаму додаваат дека во рамки на прелиминарната истрага, истражителите сеопфатно го проверуваат нивото на снабдување и екипираност на единиците, изградбата на фортификациски објекти и соработката на единиците.

Се проверуваат и потезите на командата на сите нивоа во регионот Харков за време, пред и по руската офанзива, како и можни случаи на неоправдано напуштање на борбените позиции на одделни единици.

Ќе се прават обиди да се утврдат случувањата од минута во минута, а обвинителството веќе нареди серија проверки. Прелиминарните резултати укажуваат на дезертирање на бојното поле и несовесно исполнување на воените обврски. Сè уште никој не е осомничен за колапс на украинската одбрана. Дека истрагата навистина била покрената, се дознало со увид во судскиот регистар.

Од судскиот регистар е видливо дека ДБР истражува зошто командата на 125-та бригада, 415-от одделен стрелачки баталјон, 23-та механизирана бригада, 172-та одделна стрелачка бригада и другите единици не ја организирале соодветно одбраната на позицијата на границата на Харковскиот регион и Руската Федерација, што доведе до загуба на позиции, воена опрема и персонал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“