Претседателот на Русија, Владимир Путин му честиташе на новиот папа Франческо, за функцијата поглавар на Римокатоличката црква.
Убеден сум дека конструктивната соработка помеѓу Русија и Ватикан ќе продолжи да се развива врз основа на христијанските вредности, кои се заднички – наведе рускиот претседател.
Руската православна црква го поздрави изборот на новиот папа и изрази надеж дека односите помеѓу двете цркви позитивно ќе се развиваат.
Руската црква ја поздрави одлуката на кардиналите на Римската црква и како и во минатото, смета дека односите помеѓу католичката и православната црква ќе се развиваат во позитивен дух – изјави портпаролот на партијархот Кирил, Александар Волков.
Елена Георгиевска