Руската армија одби нов напад на Вооружените сили на Украина (ОСУ) во правец на јужен Доњецк.
Во таа прилика беа поразени над 1.500 украински војници, а уништени се 28 тенкови, меѓу кои осум германски „леопарди“ и три француски тенкови „АМКС-10РЦ“.
Украинската армија, откако претрпе големи загуби во областа Времов во правец на јужен Доњецк во текот на 5 јуни, ја продолжи офанзивата во таа област, соопшти руското Министерство.
„Киевскиот режим ги реорганизираше преживеаните војници на 23-та и 31-та механизирана бригада во посебни консолидирани единици, кои продолжија со офанзивните операции во регионите на населбата Новодаровка и Левадное. Покрај тоа, им се придружи нова бригада“, се вели во соопштението.
Во исто време, ОСУ започна офанзива кај Новодонецк со силите на 37-та бригада на маринци Уркај со засилување.
Сепак, руската армија го спречи напредувањето на непријателот.
Како што информираат од руското Министерство за одбрана, руската армија, нападната и оперативно-тактичката авијација, ракетните сили и артилерија му нанеле тежок пораз на непријателот.
„Поради активна и несебична акција на единиците Васток, кои покажаа храброст и херојство, непријателот беше запрен без исполнување на поставените задачи“, посочуваат од руското воено одделение.
Како резултат на тоа, додава Министерството, биле поразени над 1.500 украински војници, и уништени 109 оклопни борбени возила и 28 тенкови – осум германски „леопарди“ и три француски тенкови АМКС-10РЦ.