Руската војска нападна инфраструктурен објект во Кривји Рог, енергетска инфраструктура во Николаев и пристаниште во градот Измаил во регионот на Одеса, соопштија украинските власти.
„Кривји Рог. Експлозии. Непријателот напаѓа инфраструктурен објект со „шахеди“, изјави Олександр Вилкул, раководител на Советот за одбрана на Кривји Рог, во објава на Телеграм, објави Укринформ.
Измаилскиот регионален административен округ соопшти дека руските трупи ја нападнале градската пристанишна инфраструктура.
„Непријателот повторно ја нападна пристанишната инфраструктура на градот Измаил. Силите за воздушна одбрана дејствуваа многу ефикасно, повеќето од непријателските беспилотни летала беа соборени. Практично немаше никаква штета“, се вели во соопштението.
Руската војска ја нападна и енергетската инфраструктура на Николаев со беспилотни летала, изјави началникот на Воената администрација на Николаевскиот округ, Виталиј Ким, во објава на Телеграм.
„Николаев. Енергетската инфраструктура повторно е нападната од „шахеди“. Засега нема жртви“, рече тој.
