Русинка го убила 11-годишниот син бидејќи го блокирал пристапот до Интернет

Од:

Русинка е осомничена за убиство на својот единаесетгодишен син, кого го исекла на парчиња бидејќи го блокирал пристапот до Интернет од својот компјутер, се наведува во соопштение на федералната истрага.

Според истрагата, 34-годишната жителка на Уфа, главниот град на руската Република Башкортостан, не успеала да се поврзе на Интернет преку компјутерот на својот син, бидејќи тој ги променил прилагодувањата без да ја исвести. Жената го казнила синот претепувајќи го до смрт. По смртта мајката го исекла телото на делови кои ги сокрила во подрумот на својата куќа.

Жената сама се пријавила во полиција и го признала делото. Против неа е покренато дело за убиство на малолетник.

Според руските медиуми, истата жена во 2005 година го убила својот сопруг при семејна расправија, но добила само условна казна бидејќи судот оценил дека дејствувала во афект.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он