Русин одби да војува против Украина, доби пет години затвор

Од:

Руски суд осуди војник на пет години затвор затоа што одбил да се бори во Украина, објавија денеска судски извори. Судењето се одржа во воениот суд во Уфа во Република Башкортостан на Урал.

Не сакајќи да „учествува во специјална воена операција“ во Украина, Марсел Кандаров (24) не се пријавил на воена служба во мај, соопшти во четвртокот заедничката служба за односи со јавноста на судовите во Башкортостан. Руските власти редовно ја нарекуваат инвазијата на Украина како специјална воена операција.

Во септември, безбедносните сили го приведиа Кандаров и тој беше прогласен за виновен на судењето затоа што не се пријавил на воена служба повеќе од еден месец од почетокот на мобилизацијата. Тој е осуден на пет години затвор, кои ќе ги одлежи во казнен логор, се наведува во соопштението.

Во септември, рускиот претседател Владимир Путин нареди мобилизација на 300.000 резервисти, бидејќи руската армија претрпе порази на фронтот во Украина. Десетици илјади Руси ја напуштија земјата бегајќи од мобилизацијата и најчесто бараа засолниште во соседните земји како Ерменија, Грузија и Казахстан.

Во одвоено судење, воениот суд во Москва осуди мобилизиран резервист на пет и пол години затвор за удирање на претпоставен за време на расправија, објави во средата руската официјална новинска агенција ТАСС.

Според руската агенција, резервистот изразил „незадоволство“ од организацијата за обука на мобилизираните резервисти во близина на Москва, а потоа му дувал чад од цигари во лицето на офицерот и го удрил.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски