Русија затвора 700 училишта заради недостиг од деца

Од:

Во Русија годинава ќе бидат затворени повеќе од 700 училишта заради намалениот број деца на школска возраст, изјави денеска директорот на руската државна Агенција за јавно здравство, Генадиј Онишченко.

Стапката на наталитет во Русија е драстично опадната во текот на турбулентните деведесети години од минатиот век, а од тогаш во оваа земја повеќе луѓе умират отколку што се раѓаат.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата година апелираше до Русите да имаат најмалку три деца.

– Оваа година планираме да затвориме 733 училишта. Сфаќате што е причината за тоа: нема доволно деца, истакна Онишченко во интервју.

„Од некоја причина заборавивме зошто сме дојдени на овој свет, а дојдовме само со една цел: да створиме нов живот и го продолжиме својот вид“, рече је Онишченко, инаку татко на три деца.

Во Русија, која брои 143,3 милиони жители, во моментов има повеќе од 44.000 училишта.

Според податоците на руската агенција за статистика, во оваа земји во 2012 година биле родени 1,90 милион бебиња, во однос на 1,79 од претходната година, но бројот на умрени лица во двете години сепак бил нешто поголем.

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата