Русија: Западот ја одложува истрагата на ОН за хемиско оружје

Од:

Русија ги обвини САД, Велика Британија и Франција дека намерно изнесуваат голем број неосновани обвиненија за употреба на хемиско оружје, за да ги отежнат напорите за организирање истрага на ОН.

– Треба да истражиме кредибилни обвиненија, изјави денеска амбасадорот на Русија во ОН Виталиј Чуркин.

– За жал, сметам дека она што нашите западни колеги го прават е создавање максимален број обвиненија со минимален кредибилитет, во обид, би можело да се помисли, да се создаде максимум проблеми за организирање таква истрага, рече Чуркин.

Изјавите на рускиот амбасадор уследија откако шведскиот експерт за хемиско оружје Аке Селтром и високиот претставник на ОН за разоружување Ангела Кејн најавија дека ќе го прифатат повикот на сириската Влада да го посети Дамаск и да разговараат со условите за можна истрага.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски