Русија врати осум киднапирани деца во Украина

Од:

Осум украински деца кои беа насилно одземени од нивните семејства се вратени дома, изјави висок украински функционер. Децата биле земени од нивните семејства од страна на официјални лица на полуостровот Крим, кој е под руска контрола и сместени во државни сиропиталишта.

Дарина Заривна, советничка на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека децата биле однесени додека биле на лекување во болница. Таа вели дека биле подложени на малтретирање во сиропиталиште и биле принудени да учествуваат во проруски вежби, како и дека биле принудени да ракуваат со оружје и да се подготвуваат за војна. Децата беа спасени како дел од програмата „Врати ги децата“. Заривна не откри детали за тоа како се спасени децата и каде се сега.

„Нивната приказна е пример за систематската суровост на окупаторите. Тие беа насилно одземени од нивните мајки додека беа во болница. Сето ова е дел од политиката на Русија насочена кон уништување на украинскиот идентитет“, напиша Заривна на Телеграм.

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење во 2023 година по рускиот претседател Владимир Путин под обвинение за воени злосторства поврзани со киднапирање на украински деца. Но, Кремљ ги отфрла обвинувањата.

На почетокот на оваа недела, шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермаков, изјави дека 12 деца кои биле насилно однесени во Русија, се вратиле во Украина.

Москва и Киев извршија неколку размени на деца од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Украина вели дека повеќе од 19.500 деца биле однесени на Русија или на територијата окупирана од Русија без согласност на нивните семејства или старатели за време на војната, нарекувајќи ги киднапирањата воено злосторство што ја исполнува дефиницијата за геноцид според договорот на ОН.

Децата на возраст од 6 до 16 години беа вратени од регионите Херсон, Запорожје, Луганск и Доњецк, како и од Крим.

Акцијата е дел од иницијативата „Да ги вратиме децата на Украина“. Седум деца се вратени со посредство на Катар, додека едно дете е вратено преку хуманитарен коридор. Катар делува како посредник меѓу Украина и Русија во обид да ги врати украинските деца илегално задржани во Русија.

Некои од децата претрпеле големи тешкотии, вклучително и девојче со невролошка состојба на Крим, кое немало пристап до медицинска нега. Тие сега добиваат медицинска и психолошка помош и повторно се обединуваат со нивните семејства во Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите уништија еден од најголемите пазари во Европа

ВИДЕО: Експлозија во луксузен комплекс во Москва, ликвидиран регрутер на руската војска

(ВИДЕО) Зеленски: Украина во моментов е најблиску до мир во последниве три години

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем украински напад со беспилотни летала, Русија ги затвори аеродромите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украина: Имаме дронови со домет од 2.000 километри и носат бомби од 250 килограми.

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Жесто Руски напад на Одеса, аларм во Полска

Катерина Ѓуровски