„Русија води војна против Германија“ – Мерц ѝ порача на нацијата дека мора да се одбрани од агресијата на Москва

Од:

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, синоќа изјави дека Русија не води војна само против Украина, туку и против Германија.

Во интервју за германска телевизиска станица, Мерц предупреди на саботажа, ширење дезинформации и хибридна војна, за која рече дека веќе влијае на германското општество.

– Ова не е само војна против Украина. Тоа е и војна против нас. Нè следат, се случува саботажа, се справуваме со лажни информации во голем обем – рече Мерц.

Германскиот канцелар ги издвои руските пропагандни ТВ канали, како што е „Раша тудеј“, и употребата на вештачка интелигенција во ширењето лажни вести.

– Населението е систематски дезинформирано преку „Раша тудеј“ и други канали. Имаме лажни вести комбинирани со вештачка интелигенција. Сите овие се елементи на она што го нарекуваме хибридна војна – рече германскиот канцелар.

Според него, нападите врз инфраструктурата веќе се случуваат, вклучувајќи палење и напади врз воени објекти.

– Неодамна имавме инциденти во касарната. Речиси сите индиции укажуваат на Русија. Затоа мора да се браниме – рече Мерц.

За потсетување, германските функционери и експерти велат дека социјалните мрежи се преплавени со намерни лаги за Фридрих Мерц, кои значително се зголемија откако тој ја презеде функцијата, пренесува ДПА.

Би можело да ве интересира

„Ди Велт“: Зеленски влегува во 2026 без конкретна мировна понуда

Грабеж на векот во Германија: Украдени 90 милиони евра од банкарски сефови

Голем грабеж во Германија: Според првичните проценки, украдени се над 30 милиони евра

АфД е обвинета за собирање податоци за Русите

Германец со години ја дрогираше и силуваше сопругата – доби осум ипол години затвор

А1он

Германските власти спречија можен напад, уапсени се пет лица