Захарова: Русија веќе нема хемиско оружје, ги уништивме сите залихи

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Москва во целост ги исполнила своите обврски за уништување на резервите на хемиско оружје.

– Сакам да укажам дека Русија ревносно и во целост ги исполни своите обврски за уништување на резервите хемиско оружје и оти процесот е завршен пред три години под надзор на Организацијата за забрана на хемиското оружје, истакна Захарова.

Таа додаде Организацијата за забрана на хемиското оружје, која спроведува инспекции во поранешните фабрики за хемиско оружје, досега не пријавила никакво кршење на законите.

Изјавата на Захарова уследи откако поранешниот британски министер за одбрана Бен Волас во интервју за Дејли телеграф изјави дека Велика Британија сака да воспостави однос со рускиот народ, но оти тоа не е лесно по инцидентот во Солсбери.

Во англискиот град Солсбери во 2018 година отруени се поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Британските власти и Организацијата за забрана на хемиското оружје тврдеа дека тие беа отруени со рускиот нервен отров новичок.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск

Фондациите на Елтон Џон се додадени на листата на непожелни организации во Русија

Мајка со секира си ги уби трите деца

А1он

ФСБ уапси молдавски државјанин кој планирал бомбашки напади во Русија