Русија испраќа нова флота воени бродови во Медитеранот, потврди денеска руското Министерство за одбрана.
Фрегатата „Јарослав Мудри“, десантните броди „Калининград“ и „Александар Шабалин“, како и уште две пловила го напуштија пристаништето Балтијск на Балтикот и тргнаа кон Медитеранот, се наведува во соопштението на министерството.
Новоупатената руска флота ќе ја замени Црноморската руска флота и планирано е да спроведе тренажни маневри.
Француските медиуми наведуваат дека во соопштението на руското министерство не се споменува Сирија, но руски воени извори претходно за руските медиуми навеле дека руските бродови можат да бидат искористени за евакуација на илјадниците руски државјани кои се наоѓаат во Сирија, во случај ситуацијата во оваа земја да се „влоши“.