Русија уништи 16 „леопарди“, колку што Португалија и Полска испратија во Украина

Од:

За време на украинската контраофанзива, Русија досега уништи 16 тенкови „леопард“, колку што Полска и Португалија испратија на бојното поле во Украина.

„Руската армија уништи 16 тенкови Леопард, што е практично 100 отсто од возилата од овој тип што Португалија и Полска ги испратија до вооружените сили на Украина“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Само во правците јужен Доњецк, Запорожје и Доњецк, каде што украинските формации преземаат неуспешни напади, групите на руските вооружени сили уништија 15 авиони, три хеликоптери, 920 единици оклопни возила, меѓу кои и 16 тенкови Леопард“, истакна Шојгу.

„Во јуни руските системи за противвоздушна одбрана соборија 158 проектили од повеќецевниот ракетен систем „Хајмарс“, 25 ракети „Бура“ и 386 украински беспилотни летала“, нагласи рускиот министер.

Западните земји ја снабдуваа Украина со тенкови и оклопни транспортери со надеж дека тоа ќе и обезбеди значителни успеси на украинската армија, но еден месец по почетокот на летната офанзива „пристигна одредено разочарување“, пишува германскиот весник Берлинер цајтунг.

Весникот посочува дека обидот за украинска контраофанзива чинел „човечки животи и пари“.

Според податоците од отворени извори, Украина веќе изгубила седум од вкупно 54 испорачани тенкови „Леопард 2“.

„Украина доби вкупно 18 тенкови „Леопард“ 2А6 од Германија и 36 тенкови „Леопард“ 2А4 од Полска, Шпанија, Норвешка и Канада – вкупно 54 тенкови.

Затоа, ако се земат за основа податоците на платформата Орикс, Киев изгубил околу 13 отсто од своите тенкови до денес“, тврди германскиот весник.

Заменик-министерот за надворешни работи на Украина Андреј Мелник во средината на јуни побара од Берлин да испрати уште поголема тешка воена опрема.

„На армијата на Украина итно и требаат повеќе западни тенкови, борбени возила на пешадија и други оклопни возила“, рече Мељник.

Според неговото мислење, Бундесверот треба да му достави на Киев повеќе од 18 тенкови „леопард 2“ од над 300 што ги има во својот арсенал.

Мељник процени дека бројот на испратени тенкови може да биде „тројно зголемен“.

Сепак, според германските медиуми, само 130 од 300 тенкови Леопард 2 се подготвени за употреба по децении недоволно финансирање на одбранбениот сектор.

Би можело да ве интересира

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море