Русија тврди дека убила над 300 припадници на ИД во два дена

Од:

Русија соопшти дека нејзиното Воено воздухопловство во Сирија вчера и денеска извршило напади во кои се убиени над 300, а се ранети 170 припадници на групата Исламска држава (ИД).

Нападите биле извршени на источниот брег на реката Еуфрат, во околината на градот Деир ез Зур, каде се водат борби меѓу припадници на ИД и сириските владини сили.

Рускиот генерал Игор Конашенков информираше во Москва дека во нападите биле убиени и 40-на руски државјани како и граѓани на Казахстан, кои и се придружиле на ИД.

Русија проценува дека повеќе од 10.000 државјани на поранешните советски републики војуваат во Сирија.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек