Русија: Соборивме дрон во близина на воздухопловната база Енгелс

Од:

Москва тврди дека руската противвоздушна одбранасоборила дрон во близина на воздухопловната база Енгелс. Се вели дека во базата, која се наоѓа недалеку од украинската граница, се сместени стратешки бомбардери со долг дострел.

Ова е трет пат Русија да тврди дека се случил напад врз Енгелс. Москва вели дека најмалку шест војници биле убиени во тие напади. Базата се наоѓа во близина на Саратов, на околу 725 километри југоисточно од Москва.

„Системите за противвоздушна одбрана соборија беспилотно летало во регионот Енгелс“, рече регионалниот гувернер Роман Бусаргин. Тој тврди дека паѓањето на остатоци ја оштетило станбената зграда – но нема извештаи за повредени.

Базата Енгелс е една од двете што се сместени руските нуклеарни воздухопловни сили. Нападите покренаа прашања за ефикасноста на руската противвоздушна одбрана, особено кога линијата на фронтот е толку далеку.

Украина никогаш јавно не презеде одговорност за нападите во Русија, туку ги нарече карма.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија во луксузен комплекс во Москва, ликвидиран регрутер на руската војска

(ВИДЕО) Зеленски: Украина во моментов е најблиску до мир во последниве три години

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем украински напад со беспилотни летала, Русија ги затвори аеродромите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украина: Имаме дронови со домет од 2.000 километри и носат бомби од 250 килограми.

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Жесто Руски напад на Одеса, аларм во Полска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски