Русија со повеќе од 400 дронови ја нападна украинската енергетска инфраструктура

Од:

Претседателот Зеленски објави дека Русија извршила масовен комбиниран напад врз неколку украински региони, користејќи речиси 400 дронови и 29 ракети од различни видови, вклучувајќи и балистички.

„Тоа беше комбиниран напад, намерно пресметан да предизвика што е можно поголема штета на нашиот енергетски сектор“, рече Зеленски. Според него, украинската воздушна одбрана соборила значителен број дронови и ракети, но имало и удари.

Зеленски изјави дека десетици илјади луѓе останале без греење и водоснабдување во Одеса по нападот со дронови. Тој нагласи дека сите надлежни служби работат на отстранување на последиците.

Вкупно 12 региони беа погодени, а девет лица беа повредени, вклучувајќи деца. Повеќе од десет станбени згради и железничка инфраструктура беа оштетени.

Зеленски ги повика партнерите на Украина да реагираат на она што го нарече „удари по живот“.

„Русија мора да одговара за својата агресија. Нашата дипломатија ќе биде поефикасна ако има правда и сила. Моќта на притисокот врз Руската Федерација – санкции, притисок и постојана, брза поддршка за украинската армија и нашата воздушна одбрана“, рече тој.

Тој додаде дека, за мирот да биде вистински и праведен, дејствувањето мора да биде насочено кон, како што рече, „единствениот извор на оваа агресија“. „Бидејќи Москва продолжува со убиства, масовни напади и офанзиви“, заклучи Зеленски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов украински удар длабоко во Русија, погоден клучен нафтен објек

ВИДЕО: Зеленски е подготвен на средба со Путин

Катерина Ѓуровски

Таен обид за мировни преговори меѓу Русија, Украина и САД во 2023 : Путин прифатил дел од планот, Зеленски одбил територијални отстапки

ВИДЕО: Русија го нападна Киев со балистички ракети, една жртва

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масакар во Дњепар: Русите погодија железничка станица, најмалку 13 мртви

Русија: Ќе разговараме за прекин на огнот само со Украина и САД, но не и со Европа