Русија силно ќе одговори на одлуката за протерување пемтина руски дипломати од Молдавија

Од:

Одлуката на молдависката Влада да протера петмина руски дипломати од земјата е насочена против политиката на претседателот Игор Додон, изјави заменик-рускиот министер за надворешни работи, Григориј Карасин и додаде дека Русија адекватно и силно ќе одговори.

– Сметаме дека ова е насочено против политиката за подобрувае на односите меѓу Русија и Молдавија, која ја спроведува претседателот Игор Додон, изјави Карасин, јави ТАСС.

Претседателот на Молдавија Игор Додон ја осуди одлуката на молдависката Влада да прогласи петминат руски дипломати за персона нон грата во земјата.

– Огорчен сум од непријателскиот потег на претставниците на молдависката дипломатија и категорички ги осудувам, изјави тој за ТАСС.

Додон рече дека оваа одлука е во спротивност со неговата желба да ги обнови односите со Русија.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека ситуацијата околу протерувањето на руските дипломати од Молдавија е парадоксална, но индикативна.

– Јасно е дека тоа нема никаква врска со активностите на руските дипломати, но го илустрира развојот на ситуацијата во Молдавија, нагласи Захарова.

Молдависките власти протераа петмина членови на руската Амбасада во Молдавија, изјави денеска рускиот амбасадор во Кишињев, Фарит Мухаметшин.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија