Русија се заканува со вето во Советот за безбедност поради назначувањето на Шмит за висок претставник во БиХ

Од:

Русија се закани дека, како членка на Советот за безбедност на ОН, ќе стави вето на обновувањето на мандатот на мировната мисија ЕУФОР во БиХ поради назначувањето на Кристијан Шмит за висок претставник во земјата, тврди германската новинска агенција Дпа, повикувајќи се на свои извори.

ЕУФОР, воени сили предводени од Европската Унија, го надгледуваат спроведувањето на воениот дел од Дејтонскиот договор.

Гласањето за продолжување требаше да се одржи во вторник во Советот за безбедност, но беше одложено за среда попладне.

Претходното овластување на Советот за безбедност истекува в петок.

Русија и Кина пред неколку месеци се обидоа да ја укинат Канцеларијата на високиот претставник во Советот за безбедност, тврдејќи дека таа повеќе не е потребна.

Западните дипломати во Њујорк посочуваат дека Советот за безбедност не може да одлучува за судбината на високиот претставник, кој е назначен од Советот за спроведување на мирот.

Новиот претставник Шмит го потврдија сите членки на Управниот одбор на овој совет освен Русија.

Дипломатски извор рекол, како што јави Дпа, дека во тековните преговори за одобрување на мисијата ЕУФОР, Москва побарала да се отстрани секое споменување на високиот претставник од договорот.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот