Руската Ракетно-вселенска корпорација (РКК) „Енергија“ развива нов вселенски брод за летови до Месечината и при нормално финансирање првите пробни летови ќе почнат во 2017 година, соопшти денеска претседателот на корпорацијата Виталиј Лопота.
Работата на новиот технички проект за нов руски вселенски брод во рамките на идниот транспортен систем веќе се заврашени. Истовремено РКК „Енергија“ потпиша на 14 декември со Европскиот воздухопловен и одбранбен конзорциуим ЕАДС, документи за основање заедничко претпријатие за производство на вселенски апарати, нагласи Лопота.
Новата компанија ќе се нарекува „Енергија-Сателитни системи“ и ќе се наоѓа на територија на РКК „Енергија“ во градот Королов, во близина на Москва. Таа ќе биде наменета за производство на модерни комуникациски сателити и сателити за далечинско сондирање на Земјата.
Идната година РКК „Енергија“ ќе учествува во 15 вселенски мисии. За оваа година нивната бројка изнесуваше 12. Главна задача останува меѓународната програма за Меѓународната вселенска станица, најмоќната вселенска програма во целиот свет, додаде шефот на руската корпорација.