Русија протера пет молдависки дипломати

Од:

Пет молдависки дипломати во Москва се прогласени за непожелни и наложено им е да ја напуштат Русија во рок од 72 часови, како одговор на протерувањето на петмината руски дипломати од Кишењев, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

– Советникот на Амбасадата на Молдавија во Русија повикан е денеска во Минисерството за надворешни работи на Русија, каде му е врачена нота, каде се наведува дека во одговор на протерувањето на петмината руски дипломати од Кишењев на 29 мај, петмина вработени во молдавската мисија во Москва се прогласени за „персона нон грата“, стои во соопштението.

Се наведува дека, молдависките дипломати имаат рок од три дена да ја напуштат територијата на Русија, јави ТАСС.

Исто така се истакнува дека, Москва се надева оти Кишењев ќе ја увиди контрапродуктивноста од своите непријателски акции кон Русија и оти е од деструктивен карактер чекорот што го презела Молдавија, во спротивсност со принципите на партнерството и взаемната доверба.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија