Русија прогласи прекин на огнот во Алепо

Од:

Русија прогласи прекин на огнот во сирискиот град Алепо и најави, како што е истакнато во соопштението на Москва, „стабилизација на состојбата“.

– На иницијатива на Русија, на 16 јуни на полноќ во Алепо стапува во сила 48-часовен прекин на огнот, заради намалување на нивото на вооружено насилство и стабилизирње на состојбата, се вели во соопштението, во кое сепак не е наведено со кого Русите воделе разговори за прекин на огнот.

ДПА пак пренесува официјална изјава на Стејт департментот во која се потврдува дека спротивставените страни се согласиле на ова примирје во Алепо и се изразува надеж дека тоа ќе прерасне во трајно, опфаќајќи го целото подрачје зафатено од конфликтот, како и цела држава.

– Прекинот на огнот не е територијално и временски ограничен, рече портпаролката Џулија Мејсон.
Последното примирје  уследи откако државниот секретар  на САД, Џон Кери ја предупреди Русија дека американските власти го губат трпението околу сирискиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Израел ги гранатираше сириските аеродроми во Дамаск и Алепо

ВИДЕО: Израел повторно го нападна аеродромот во Алепо

ВИДЕО: Израел ги нападна аеродромите во Сирија

Сириската армија воспостави контрола врз северозападниот дел на провинцијата Алепо

А1он

Ватикан: Папата испратил 100.000 евра за сиромасите во Алепо

Наум Локоски

Се слави на улиците на Алепо, откако армијата прогласи целосно ослободување на градот