Руското министерство за одбрана и турските оружени сили ги прекинаа сите канали на воена интеракција, соопшти денеска портпаролот на руското министрство, генерал-мајорот Игор Конашенков.
-Сите постоечки канали на интеракција помеѓу руското министерство за одбрана и турските оружени сили денеска се прекинати врз основа на претходно донесената одлука, рече Конашенков.
-Ова се однесува, не само на таканаречената “жешка линија“ воведена да се исклучат можните воздухопловни инциденти при уништувањето на терористичките објекти во Сирија, рече портпаролот на руското министерство.
Претставникот на руската морнарица кој беше пратен во Турција за да ги координира активностите на Црноморската флота и турските поморски сили е отповикан, рече Конашенков.