Русија повтори дека нема да дозволи непречен премин на бродови со жито

Од:

Русија нема да дозволи понатамошен извоз преку Црното Море по нејзината најавена суспензија на договорот за жито со Украина.

Договорот „не треба да се спроведува без нас“ изјави рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија на денешниот состанок на Советот за безбедност на ОН во во Њујорк. – Не можеме да дозволиме непречен премин на пловни објекти без наша инспекција, рече Небензија, пренесува ДПА.

Реакцијата на Русија доаѓа откако ОН изнесе став дека извозот на жито може да продолжи и договорот останува во сила.

Во саботата, Русија го суспендираше договорот, постигнат со посредство на Турција и ОН. Москва како причина ги наведе нападите со беспилотни летала на Киев врз нејзината Црноморска флота.

Претходно денеска Кремљ оцени дека За Украина би било ризично да продолжи да извезува жито преку Црното Море откако Москва го прекина учеството во договорот. – Во услови кога Русија зборува за неможноста да се гарантира безбедноста на превозот во тие области, таков договор е тешко изводлив и добива поинаков карактер – многу поризичен, опасен, без гаранции, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО