Русија: Повиците за протести на социјалните мрежи ќе се казнуваат како објавите за дрога или детската порнографија

Од:

Во Русија денеска стапи сила закон што на операторите на социјалните мрежи им наложува да откриваат и блокираат различни содржини, вклучувајќи ги и повиците за демонстрации што немаат дозвола од властите и се сметаат за нелегални.

Новиот закон налага и содржините на интернет што се поврзани со тероризмот и државните тајни, исто така, да не смеат да бидат достапни. Блокирани ќе бидат и упатствата за производство на дрога, детската порнографија, поттикнување самоубиство и содржините спротивни на рускиот Устав.

Руските власти се особено остри на социјалните мрежи токму во последните неколку дена, особено по интернет повиците за протести за поддршка на притворениот дисидент Алексеј Навални.

Казни за ваквите постапки веќе им се изречени на Фејсбук, Твитер и ЈуТјуб. Навални е особено активен на социјалните мрежи и неодамна на својот ЈуТјуб канал го објави двочасовниот филм „Палатата за Путин“, кој предизвика големо внимание.

Претседателот Владимир Путин ги отфрли сите обвинувања од филмот, а Аркадиј Ротенберг, еден од најбогатите Руси, се пријави дека е вистинскиот сопственик на лукксузна палата.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

(ВИДЕО) Приведен е старецот кој со нож ги нападна студентите во Нови Сад

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек