Русија подготвува офанзива на Украина со околу 175.000 војници предупредуваат американски разузнавачи

Од:

– Русија подготвува офанзива врз Украина која би вклучувала до 175.000 војници и тоа веќе следната година, пишува „Вашингтон пост“.

Москва се подготвува да почне офанзива со „100 баталјони составени од тактички групи со проценета сила од 175.000 луѓе“, а во офанзивата ќе бидат вклучени и тенкови, артилерија и друга опрема, изјавил за весникот неименуван висок американски функционер.

Пентагон одбил да ги коментира информациите, но изразил голема загриженост поради „агресивните планови на Русија против Украина“, пренесува Бета.

– Продолжуваме да поддржуваме намалување на тензиите во регионот и дипломатско решение на конфликтот во источна Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Тони Семелрот.

Руските сили сега се концентрираат на четири различни локации со 50 борбени тактички групи, тврди „Вашингтон пост“, повикувајќи се на американски воен документ.

Претседателите на САД и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин, наскоро треба да разговараат за тензиите околу Украина на видеосредба, седум години по руската анексија на полуостровот Крим и бунтот на проруските сепаратисти во источниот дел на Украина.

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала