Русија побара од Северна Кореја да ја преиспита одлуката за лансирање ракета носач

Од:

Русија побара од Северна Кореја да ја преиспита својата одлука за истрелување ракета, пренесоа руските медиуми.

Во декларација на руското МНР се наведува дека Москва ја повика севернокорејската влада да ја преиспита својата одлука за истрелување на ракета, која во орбитата треба да изведе вештачки сателит и потсетува дека Русија на повеќе пати и се обраќала на севернокорејската страна дека е недозволиво да се игнорира резолуцијата 1874 на Советот за безбедност на ОН, што на Пјонгјанг му забранува да истрелува ракети со искористувањето на балистички технологии.

Не го ставаме под сомнение правото на Северна Кореја да се занимава со мирновремени вселенски истражувања, но тоа може да станува исклучиво ако се укинат споменатите одлуки на ОН, се наведува уште во декларацијата на руското Министерство за надворешни работи.

Русија изразува подготвеност заедно со своите партнери од шестстраните преговори (Кина, САД, Јапонија, Јужна Кореја и Северна Кореја) да продолжи да работи за надминување на проблемите на Корејскиот полуостров, вклучувајќи и укинување на санкциите против Северна Кореја и создавање на услови Пјонгјанг полноправно да учествува во меѓународната соработка во различни области, како Вселената и нуклеарната енергетика.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија