Русија планира масовна вакцинација против коронавирусот од октомври

Од:

Русија се подготвува да почне со кампања за масовно вакцинирање против коронавирусот во октомври, изјави министерот за здравство Михаил Мурашо, јави новинската агенција РИА.

Министерот, кој не достави детали за вакцината што ќе се користи, рече дека лекарите и наставниците ќе бидат првите што ќе се вакцинираат.

Неделава извор за „Ројтерс“ изјави дека првата потенцијална вакцина на Русија против Ковид-19, изработена од Државниот институт за истражување, ќе добие одобрение од регулаторните агенции во август и наскоро ќе им биде препишана на здравствените работници.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија