Русија очекува договорот за „Турски тек“ да биде навремено исполнет

Од:

Русија очекува во најбрзо време обновување на преговарачкиот процес за спроведување на проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“, вклучително и меѓувладиниот договор, чиј проект турската страна го анализира од мај, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи во врска со претстојната средба на 17 септември во Сочи меѓу рускиот министер Сергеј Лавров и турскиот колега Феридун Синирлиоглу.

На почетокот на неделата заменикот претседател на управнот совет на Газпром Александар Медведев соопшти дека се одложува пуштањето на првата линија од проектот за гасоводот „Турски тек“ поради политичката криза во Турција.

Кон крајот на минатата недела Сефа Сајдук Атекин, помошникот советник во турското министерство за енергетика и природни ресурси изјави дека преговорите за гасовдот „Турски тек“ се замрзнати. Весникот „Хуриет“ објави дека ваквата одлука Атекин ја објаснил со недостигот на взаемна доверба и барањето на поголема флексибилност од двете страни.

Газпром и турската компанија Боташ потпишаа меморандум за замено разбирање за изградба на поморски гасовод од Русија кон Турција под Црно Море во декември минатата година. Одлуката за проектот „Турски тек“ беше објавена на посетата на претседателот на Русија Владимир Путин на Анкара на 1 декември 2014 година по откажувањето на проектот „Јужен тек“.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот