Русија објави можност за нормализирање на односите со САД

Од:

Руската амбасада во Вашингтон денес, по повод 92-годишнината од дипломатските односи со САД, објави дека е отворен прозорец на можности за нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон.

„Во денешниот мултиполарен свет, каде што нема место за претензии за ексклузивно лидерство, особено во контекст на отфрлањето на либерално-глобалистичкиот модел на „светски поредок базиран на правила“ од страна на администрацијата на Доналд Трамп, во односите меѓу Русија и САД како големи сили се отвори „прозорец на можности“ за нормализација врз основа на принципите на еднаквост, почитување на националните интереси и неконфронтациска коегзистенција“, се вели во соопштението на амбасадата, објави РИА Новости.

Како што е наведено во соопштението на амбасадата по повод годишнината, воспоставувањето дипломатски односи означи нова пресвртница во историјата на интеракцијата меѓу двете земји.

„Ова следеше по долг период на отсуство на официјални односи, во кој владејачките кругови на САД одбиваа да се ангажираат со младата советска држава 16 години, прогласувајќи ја за закана за „цивилизираниот свет“. „Потребна беше политичката храброст на претседателот Френклин Рузвелт и разумните американски политичари кои ги препознаа новите геополитички реалности, како и интересот на бизнисите за големи проекти во контекст на забрзана индустријализација во СССР, за време на Големата депресија од 1930-тите, за да се донесе одлуката за признавање на Советскиот Сојуз“, се вели во соопштението на амбасадата.

Дипломатската мисија потсети дека за само еден месец е завршен процесот на размена на ноти за дипломатски односи.

Во соопштението се вели дека САД постигнале пробив со воспоставување дипломатски односи со Москва пред 92 години, а истите принципи на еднаквост и почитување треба да се применуваат и сега.

Дипломатските односи меѓу СССР и САД се воспоставени на 16 ноември 1993 година.

Би можело да ве интересира

По повеќе од две децении и 4.500 загинати Американци: Утре и последниот американски војник треба да го напушти Ирак

Русија предупреди: Секој напад на Калининград од Британија или НАТО ќе биде одвратен со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја