Русија нема да пристапи кон договорот за трговија на оружје

Од:

Одлуката според која Русија може да пристапи кон меѓународниот договор за трговија на оружје за сега не е донесена, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, во Нижњем Тагил, каде што се одржува саем за вооружување „Russia Arms Expo-2013“.

Тој потсети дека во текстот на договорот не е вклучена одредба, со која се прецизира дека е недозволива испорака на оружје на неовластени, недржавни субјекти, чие внесување го одбија државите на НАТО.

-Тоа е одлука на свесната политика насочена кон максимална слобода да се меша во овој или оној конфликт, на оваа или на онаа страна- нагласи Рјабков.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ердоган не може да биде посредник во разговорите меѓу Русија и Украина

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени