Русија нареди намалување на бројот на дипломати во Естонија

Од:

Бројот на дипломати кои работат во естонската амбасада во Талин ќе мора да се намали на осум за да се совпадне со бројот на естонски дипломати во Москва, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Естонија побара намалување на бројот на руски дипломати во земјата до 1 февруари.

Руската амбасада во Талин на својата веб-страница наведува 17 дипломати. Естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу изјави дека одлуката е донесена во светло на војната во Украина и објасни дека руската амбасада не е ангажирана за подобрување на естонско-руските односи, пренесува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.

„Естонија ги намали своите билатерални односи со Руската Федерација на апсолутен минимум. Пролетта ги затворивме руските конзулати во Нарва и Тарту и протеравме тројца членови на дипломатскиот персонал на руската амбасада. Сега поставуваме ограничување на број на руски дипломати кои работат во Естонија за да се постигне паритет. Денешниот чекор е во корелација со најниската точка на нашите односи воопшто“, рече Реинсалу.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија