Русија најави „отворен и безбеден“ коридор за украинските цивили да го напуштат Киев

Од:

Руската војска денеска најави „отворен и безбеден“ коридор за украинските цивили да го напуштат главниот град Киев, јави Би-Би-Си.

„Апелираме до жителите на Киев. Сите цивили во градот можат слободно да го напуштат главниот град на Украина по автопатот Киев-Василков, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

„Уште еднаш, сакам да нагласам дека вооружените сили на Руската Федерација напаѓаат само воени цели, цивилното население не е во опасност“, тврди руската војска. Но, според украинското Министерство за внатрешни работи најмалку 352 цивили во Украина се убиени од почетокот на инвазијата, меѓу кои 14 деца. Украинските власти ги обвинија руските сили дека гаѓаат цивилна инфраструктура, вклучително и станбени згради и училишта.

Во соопштението од портпаролот на руската војска Игор Конашенков, исто така, содржи неосновано тврдење дека украинската влада ги користи жителите на Киев како „човечки штит“, повторувајќи го тврдењето дека украинските „националисти“ распоредиле артилерија во станбени области на главниот град, пренесува Би-Би-Си.

Репортерите на Си-Ен-Ен на теренот во Киев виделе од прва рака украински цивилни доброволци – дури и членови на Парламентот – како земаат оружје и се подготвуваат за одбрана на главниот град.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски