Руската државна компанија „Рособороноекспорт“ минатата година склучила договори за снабдување со оружје и воена техника вредни рекордни 17,6 милијарди долари .
Во споредба со 2011 година обемот на склучени договори нараснал за два и пол пати, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на генералниот директор на компанијата Анатолиј Исајкин.
Според Исајкин, Русија во моментов има склучено договори за 4,5 милијарди долари со Ирак, но тие се уште не се стапени во сила.
Покрај тоа, „Рособороноекспорт“ пропдолжува да им испорачува системи за противвоздушна одбрана и различна ремонтна техника на властите во Сирија, каде и натаму беснее граѓанската војна.
-Русија не му испорачува авиони на режимот на Башар ал Асад, нагласи Исајкин.
Тој додаде дека „Рособороноекспорт“ го „ обнови дијалогот“ со Литванија за извоз на вооружување и техника.
Русија, исто така, ја продолжува соработката во областа на одбраната со Иран и со Египет.
-Со Каиро, без разлика на промената на власта, земјата нема изгубено ниту еден договор, рече директорот на компанијата.
МИА