Русија: Ќе се вратиме во СТАРТ доколку САД го сменат непријателскиот став

Од:

Русија ќе се врати во договорот Нов СТАРТ доколку Вашингтон се откаже од својот „непријателски став“ кон Москва, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, пренесоа руските агенции.

САД неделава објавија дека ќе престанат да испраќаат известувања до Русија според договорот за контрола на оружјето, вклучително и нови информации за локациите на американските ракети и системи за лансирање, како одговор на кршењето на договорот од страна на Москва.

Според Рјабков, ова не е изненадување за Москва и одлуката на Русија да го суспендира Нов СТАРТ останува на сила и покрај какви било контрамерки.

„Без оглед на какви било мерки или контрамерки од американска страна, нашата одлука да го суспендираме договорот СТАРТ е непоколеблива“, рече тој, пренесе ТАСС.

„И нашиот услов за враќање на целосно оперативен договор е САД да го напуштат својот суштински непријателски став кон Русија.

Би можело да ве интересира

Зеленски со американските сенатори: „Ако не добиеме помош – ќе ја изгубиме војната“

Воздушна опасност низ Украина

Киев сака Грипен од Шведска и Ф-35 од САД

Сенаторот Ренд Пол: „Америка нема да го спаси Киев“

Предраг Петровиќ

Украина би можела да ја изгуби воената поддршка од уште еден клучен сојузник

Предраг Петровиќ

Русија: Соборивме 22 украински беспилотни летала над Крим и Црното Море