Русија ќе може да се врати во ПССЕ

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) одлучи дека неговите членови „не смеат да бидат лишени од правото на глас, правото да зборуваат или правото да бидат застапени во Собранието и неговите органи и остварувањето на овие права не може да се прекине во контекст на оспорување или преиспитување на верификацијата на овие права“, јавува дописникот на МИА од Стразбур..

Во резолуцијата, донесена доцна вчера вечер врз основа на извештајот на Петра де Сутер (Белгија, СПЦ), ПССЕ смета дека ова појаснување на неговите Правила за работа има за цел „обезбедување на почитување на правото и обврската на земјите-членки да бидат застапени и да учествуваат во двата статутарни органи на Советот на Европа “, станува збор за Комитетот на Министрите и ПССЕ.

Осврнувајќи се на „исклучителниот контекст“ на неодамнешната одлука на Комитетот на министри, паневропската асамблеја, исто така, одлучи, по пат на отстапување од Деловникот за работа, да ги покани парламентите на земјите-членки на Советот на Европа „кои не се претставени со делегација во ПССЕ“, да ги претстават своите овластувања за време на оваа сесијата во јуни 2019, таа е во тек. Вообичаено, акредитивните писма може да се претстават само при отворањето на редовната седница во јануари.

На крај, ПССЕ ја поздрави поддршката дадена од Комитетот на министри за неодамнешниот предлог за воспоставување „постапка за заедничка реакција“ кога една земја-членка не ги исполни своите преземени обврски или не ги почитува основните вредности и принципи, Бранети од Советот на Европа – и ја искажа својата силна заложба за „овој предлог да биде оперативен што е можно поскоро“.

Според предлогот, таквата постапка може да биде иницирана од страна на ПССЕ, Комитетот на министри или Генералниот секретар, а сите тројца ќе бидат вклучени во прогресивен процес кој во крајна линија може да доведе до суспензија на државата.

Со оваа одлука на ПССЕ се отвора вратата на руската делегација да се врати во Стразбур по скоро две годишно отсуство, пропратено со неплаќање на придонесот од Руската федерација во паневропската организација, што можеше да доведе до нејзиното исклучување од Советот на Европа.

Сега на потег се руските парламентарци, кои тврдеа дека подготвени да дојдат веднаш во Стразбур и да земат учество во работата на ПССЕ, посебно при утрешниот избор на Генерален секретар.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот