Русија ќе испрати експерти за учество во истрагата на Боингот во Украина

Од:

Русија е подготвена да испрати свои експерти за учество во истрагата на уривањето на малезискиот авион „Боинг“ во Украина, и на секаков начин да сорабтоува за организирање и спроведување непристрасна меѓународна истрага, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин на седницата на СБ на ОН.

– На руските воени и цивилни институции веќе им се дадени неопходните упатства. Подготвени сме да испратиме соодветни експерти, рече тој.

Според него, Русија настојува да биде гарантирана „апсолутно непристрасна, независна и отворена меѓународна истрага на уривањето на авионот“.

Според него, неопходно е на местото на падот на авионот да работи група експерти под покровителство на Меѓународната организција за цивилна авијација (ИКАО).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици