Владата на Јордан соопшти дека со Русија потпиша договор за изградба на два нуклеарни реактори во Кралството, вреден 10 милијарди долари.
Договорот предвидува руската државна фирма „Ростом“ да изгради два нуклеарни реактори од 1.000 мегавати во постројката Амра, во северниот дел на Јордан.
Јордан нема локални извори на енергија и увезува 96 отсто електрична енергија.
Изградбата на двата нуклеарни реактори треба да биде завршена до 2022 година, а ќе користат ураниум ископан во Јордан.