Русија ја вооружувала Словенија за време на војната во СФРЈ

Од:

Словенија за време на ембаргото на Обединети нации во почетокот на 90-те години за време на распадот на СФРЈ, од Руската федерација добила стотици современи ракети СА-16 и АТ-4, кои се користени во судирите со ЈНА, се наведува во истражување на словенечките новинари Блаж Згага и Матеј Шурц

Информациите до кои дошле се објавени во книгата „Во име на државата“, на која  работеле повеќе од една година наведуваат дека Словенија на Русија за ракетите и платила повеќе од 30 милиони долари.

Авторите пишуваат и за продажба на муниција и минско-експлозивни средства од магацините на ЈНА која ги освоила Словенечката територијална одбрана, но и оние кои ЈНА ги напуштила во Словенија по повлекувањето во октомври 1991 година.

– Словенија им продала повеќе тони воени резерви на Хрватска и на Босна и Херцеговина и тоа за десетици милиони германски марки и долари во готово. Таа сума завршила во Министерството за одбрана на Словенија што го предводел Јанез Јанша, посочува Згага за „Данас“.

Тој истакнува оти Словенците уште во есента 1990 година иако СФРЈ официјално постоела, продавале оружје на Хрватска.

– Словенечките специјалци тренирале повеќе од 500 босански муслимани во Кочевски Шуми и продавале оружје по лихварски цени, нагласува Згага за „Данас“.

Тој додава дека имало случаи кога земале пари однапред, а не достаивле оружје.

– Кога Југословенската воена морнарица во есен 1991 година блокирала хрватски пристаништа, повеќе илјади тони оружје и муниција дошле во словенечкото пристаниште Копар и веднаш со камиони биле доставени во Хрватска и во БиХ. Тоа е направено со помош на тајните служби на тие држави. Во Копар меѓу јуни 1991 и февруари 1992 година пристигнале најмалку 20 бродови од многу држави. Најважни достави биле од Бугарија, од Полска, од Украина и од Романија. Главен центар била виенската фирма „Скорпион интернешнал сервисис“ која во периодот од септември 1991 до септември 1993 година примила повеќе од 80 милиони долари на сметка во Будимпешта, посочува Згага.

Тој наведува дека голем број милионски трансакции се извршувале преку претпријатиетоп „Канрекс“ (Canrex), сопственост на полската разузнавачка служба (WSI) и украинската компанија „Глобал технолоџис интернешнл“ (Global Teshnologies International.

– Од Бугарија оружјето се испражаше преку „Кинтекс“ (Kintex). Сето тоа беше од голема важност за словенечката воена одбрана, бидејќи пристигнало само седум денови пред осамостојувањето. Со тоа оружје Словенија највероватно би можела да собори повеќе хеликоптери на ЈНА за време на десетдневниот судир во јуни 1991 година, потенцира Згага.

Тој за „Данас“ истакна дека трговците со оружје за време на војните во СФРЈ заработиле многу пари, станале општествена елита и подоцна го продолжиле своето неморално дејствување во сите сегменти на општеството.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он