Русија ја изгуби врската со сателитот којшто Ангола го лансираше во земјината орбита во соработка со руската вселенска агенција Роскосмос.
Сателитот е лансиран со цел – побрзи медицински услуги во таа африканска субсахарска држава. Телемедицината е всушност – „далечинско лекување“, односно медицинска помош преку телекомуникациски врски.
Телемедицината е посебно важна за местата коишто не се наоѓаат близу болница или пак, изолирани и тешко достапни локации.