Русија изврши ракетен напад врз Командата на украинските воздухопловни сили

Од:

Руските сили извршија ракетен напад на територијата на Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, во украинскиот град Виница.

„Денеска, 25 март, околу 16:30 часот, руските окупатори извршија ракетен напад врз територијата на командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина во Виница“.

„Русите истрелаа вкупно шест крстаречки ракети. Некои од нив беа соборени од единиците за противвоздушна одбрана. Остатокот погоди неколку згради, предизвикувајќи значителна штета на инфраструктурата“, објави Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на Фејсбук.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица