Локален суд во рускиот град Јесентуки издаде налог за апсење на поранешниот украински премиер Арсениј Јацењук.
Според денеска објавеното соопштение на судот, меѓународниот налог за апсење на Јацењук стапил во сила уште на 21 февруари. Како што се наведува, тој се бара поради обвинение дека учествувал во оружена група во рускиот регион Северен Кавказ, во Чеченија, кон средината на 90-те години, борејќи се против руските сили.
Јацењук самиот потврди дека украинската Влада му кажала оти е издаден налог за негово апсење во статус на Фејсбук.