Русија испраќа нови подморници во Средоземно Море

Од:

Најновите големи дизел подморници „Колпино“ и „Голем Новгород“ допловија во Средоземно Море и ќе бидат дел од постојаната единица на воената морнарица на Русија, изјави денеска претставникот на Црноморската флота, капетанот Вјачеслав Труханов.

– Подморниците се движат под вода како придружба на спасувачкиот реморкер (брод-влекач) на Балтичката флота СБ-921, истакна Труханов.

Станува збор за петта и шеста серија подморници на Проектот 636.3, кои се произведени за Црноморската флота. Подморницата „Голем Новгород“ и е предадена на Воената морнарица на Русија во октомври минатата година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека двете подморници можат да носат екипаж од 50 членови, опремени се со нови навигациски системи, како и со системи за целосна автоматска контрола, ракети со голема прецизност и моќни лансери.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Руските сили интензивно напредуваат низ регионот на Доњецк

А1он