Русија и Норвешка развиваат нафтено поле во Сибир

Од:

Компаниите руски „Росњефт“ и норвешки „Еквинор“ договорија детали од развојот на нафтено поле во Сибир, што е прва заедничка инвестиција од склучувањето на стратешкото партнерство во 2012 година.

Се очекува во првата етапа од развојот на нафтеното поле Северо-Комсомолскоје да бидат извадени околу 250 милиони барели нафта и 23 милијарди кубни метри плин, соопшти „Еквинор“, без да ја наведе вредноста на инвестицијата.

„Росњефт“ има удел од 66,7 отсто во проектот СевморЊефтеГас, а „Еквинор“ остатокот плус лиценцата.

„Росњефт“ и „Еквинор“, поранешен „Статоил“, договорија развој на нафтеното поле Северо-Комсомолскоје во 2013 година. Следната година, западните земји воведоа санкции за „Росњефт“ поради ситуацијата во Украина. Со санкциите им се забранува на западните компании да соработуваат со руската нафтена компанија во пронаоѓање нафта во крајбрежниот појас во Арктикот.

Руската компанија во 2015 година објави дека полето Северо-Комсомолскоје има „сложена геологија поврзана со тенок слој на нафта“, оценувајќи ги ресурсите „тешки за вадење“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа